Леванте и Барди заслужија барем бод, но останаа со празни раце на „Месталја“ (видео)

Леванте и Енис Барди го загубија градското дерби против Валенсија со 4-2 во премиерното коло од Ла Лига. Лилјаците имаа сили за да ги освојат бодовите по фуриозните 45 минути од пресметката на „Месталја“, во кои двете екипи на двапати ги тресеа мрежите. Барди играше сè до последните петнаесетина минути, непосредно по водечкиот гол на домаќините.

https://www.youtube.com/watch?v=Og9fZHbLvE8

Сепак, еден Моралес не беше доволен за гостите да дојдат барем до заслужен бод. Одличниот напаѓач на Леванте имаше два одлични продори кои завршија во голот на Доменех, а Валенсија на тоа одговори преку Габриел и Гомес за 2-2 во првото полувреме.

 

Ману Валехо во улога на џокер ја направи разликата во второто полувреме. Шпанецот влезе во игра во 72-рата минута, а веќе во првиот негов напад погоди за 3-2.  За да биде двоен стрелец, Валјехо чекаше до 92-та минува, кога ги постави конечните 4-2.

 

- Оглас -

Најнови вести