Меч со осум голови и без победник одиграа Еибар и Леванте во Примера дивисион. Уште почетните 10 минути навестија дека ќе има вистинска голеада. Еибар поведе со 1:0, но Леванте брзо израмни. По одлична асистенција на Енис Барди, Моралес израмни на 1:1. Гостите на полувремето стигнаа и до предност од 2:1.
Во второто полувреме Еибар тргна во целосна офанзива и тоа се исплатеше. Домаќините дадоа три гола во низа и стигнаа до предност од 4:2 во 65 минута. И покрај негативата од два гола Барди и другарите не се предадоа. Тоњо погоди во 75 минута што беше јубилеен 500 погодок за Леванте во Примера дивисион и намали на 4:3. Во судиското надополнување Мајорал го даде и четвртиот гол за гостите и Леванте, иако даде четири гола на крајот освои само еден бод на гостувањето кај Еибар.