Леванте веќе подготви замена за Барди, го враќа од позајмица младинскиот репрезентативец на Шпанија

Леванте се подготвува за настап без Енис Барди и веројатно и Хосе Кампања, двата силни адути на тимот во претходните неколку сезони, а дека се очекува нивно заминување веќе ова лето, потврдува и одлуката за камбек на младинскиот репрезентативец Пепелу од позајмица во Тондела.

За Барди има многу заинтересирани клубови, еден од нив е и Арсенал, се говори и дека може да остане во градот, но со преселба во таборот на Валенсија, а доказ дека ќе си замине, е што се бара замена за него.

Хосе Луис Гарсија Ваја е една од можните замени за Барди на средината на теренот, а популарниот Пепелу сигурно се враќа од позајмица.

Има 21 година, настапуваше за португалска Тондела и е дете на клубот, кој очекува многу од него.

Пепелу има и три настапи за шпанската репрезентација до 21 година. Еден од нив му беше и против Македонија, лани во ноември, кога младата Црвена фурија не победи со 3:0 во Алкоркон, во меч од актуелните квалификации за настап на ЕП.

Шпанците ни се следен противник, ќе играме против нив на почетокот на септември во Скопје, а Пепелу веројатно ќе го забележи и четвртиот настап за актуелниот европски првак.

- Оглас -

Најнови вести