Баер Леверкузен со 4-1 го порази Хајденхајм, и повторно му прави друштво на Баерн Минхен на врвот на бундеслигашката табела со по 13 бода од пет кола.
Леверкузен и Баерн не победија само во меѓусебниот дуел кој им заврши 2-2. Баер на сите официјални мечеви сезонава игра мечеви со три или повеќе голови, а само против Баерн не постигнаа барем три гола.
Виктор Бонифејс по трети пат сезонава даде два гола на еден меч и тој е најзаслужен што Баер има 17 постигнати голови на пет меча, што во просек е над три по натпревар.