Санкт Паули и Баер Леверкузен одиграа 1-1 и ова речиси сигурно значи дека Германија ќе добие нов шампион.
Ова е кикс на Леверкузен кој реално ги отпишува од трка за титулата која ја бранат од лани. На четири кола до крајот, водечкиот Баерн има 8 бодови предност. Баерн цела сезона има само два порази, не е реално да се очекува во последните четири кола ќе загуби трипати, а притоа Баер треба да ги добие сите мечеви до крај.