33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Леверкузен нема намера да го пушти Тах да игра за Баерн на клупскиот Мундијал

Баерн Минхен веќе се пофали со потписот на Џонатан Тах од Баер Леверкузен, но неговиот договор стапува на сила на први јули. Баварците инсистираат тој да игра и на Светското клупско првенство, кое започнува на 14-ти месецов, но Фармацевтите немаат намера да го ослободат дефанзивецот порано.

Од Баер Леверкузен бараат обесштетување во висина од седум милиони евра, по примерот на Ливерпул и Реал Мадрид за Трент Александер-Арнолд. Сепак, раководството на Баварците нема намера да ги плати овие пари и обвинува за изнуда со оглед на тешката состојба во која се наоѓаат поради големиот број повредени фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести