-2.2 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Левски ќе го пријави Шкупи во УЕФА, Бугарите се шокирани во разликата на цените на билетите

Бугарскиот тим Левски решил да го го пријави македонскиот Шкупи во УЕФА и тоа поради разликата на цените за билетите, за нивниот меѓусебен дуел кој ќе се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје на 27 јули.

Пред два дена Левски информираше дека ќе бидат обезбедени 1.600 билети за гостувањето во Скопје, а цените кои ги одредиле челниците на Шкупи е 1.200 денари, односно 20 евра.

Од бугарскиот тим денеска стигна реакција за цената на билетите за домашните навивачи. Од Шкупи, утрово информираа дека се пуштени во продажба билети за нивните навивачи и тоа по цена од 150 и 200 денари, сума која е неколкукратно помала од цената кој треба да ја платат гостинските симатизери за да присуствуваат на трибините на „Тодор Проески“.

„На официјалниот сајт на Шкупи е објавена информација која покажува шокантна разлика во цените на билетите за фановите на домашниот тим и тие на Левски“, стои во дел од соопштението на Левски.

- Оглас -

Најнови вести