Репрезентацијата на Англија доживеа вистински шок и загуби на домашен терен од Грција со 1-2. Привремениот селектор на „гордиот албион“, Ли Карсли, вели дека ова е големо разочарување, но објаснување за поразот побара во експериментот кој го направил во средината на теренот, а имал само 20 минути да го извежда во фудбалерите.
„Ова е разочарување. Разговарав со играчите. Нема секогаш се да ни оди по план, но сега е најважно да се подготвиме за дуелот против Финска. Пробавме нешто ново и различно. Сакавме да ја освоиме средината и да играме различно. Тоа е нешто што го трениравме на ден пред натпреварот и само 20 минути, експериментирав. Разочаран сум што не ми успеа тактиката. Сепак, не треба да се има преголеми очеувања, повторно ќе се обидеме.“ – вели Карсли.