Лидерот на бразилската Серија А вечерва ќе биде поразен?

2506 Стромгодсет – Бодо/Глимт (19.15 часот)

Бодо е убедливо најдобар тим во Норвешка, тоа го докажуваат и неговите освоени 31 бод од 33 можни после првите 11 кола сезонава и гол разлика 32-9 со што се тим со најмногу постигнати, а најмалку примени голови. Стромгодсет има само 11 бода во десет кола. На последното свое гостување кај Стромгодсет, во ноември, Бодо победи со 4-2. Бодо/Глимт на сите гостувања сезонава дава два или повеќе голови.

Предлог тип: 2 & 2-5 (1.85)

 

1360 Елденсе – Реал Мадрид Б (20.00 часот)

Ова е реванш од финалето на баражите за пласман во шпанската втора лига. Првиот меч во Мадрид заврши со 1-1 , па пред Кастилја (Реал Мадрид Б) е тешка задача да се пласира во Сегунда дивизија каде не играле уште од 2013/2014. Елденсе сезонава нема ниту еден пораз на свој терен против екипи од третата шпанска лига, но тие се тим кој дома ретко дава повеќе од два гола. Младите Кралеви предводени од тренерот Раул Гонзалес, се тим кој на гости ретко игра нерешено.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.84)

 

4209 Арсенал Саранди – Платенсе (20.30 часот)

Арсенал е последнопласиран на табелата во аргентинската лига, а во последните пет кола реди „цик-цак“ резултати победа-пораз, на ред е да победат, откако во минатото коло загубија. Платенсе е 14-ти во лигата со 28 тима, и тие истотака имаат низа победа-пораз, а кај нив на ред е да загубат. Ова се два тима кои многу ретко играат нерешено, но нивните последни три меѓусебни дуели кога Арсенал бил домаќин, завршиле со реми.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.40)

 

6708 Норвешка У21 – Франција У21 (20.45 часот)

Норвежаните во првото коло на младинското Европско првенство загубија со 1-2, додека Французите триумфираа со 2-1, но реално требаше да играат 2-2 против Италија, бидејќи на младите Аѕури не им беше признат чист гол. Овие селекции во ноември играа пријателски меч кој заврши 1-1. Триколорите кои во составот имаат неколку играчи од Топ 5 лигите, се фаворити, и нерешено би било неуспех за нив.

Предлог тип: 2 & 1+ пол. (1.81)

 

4807 Палмеирас – Ботафого (21.00 часот)

Ова е дерби на бразилската Серија А, во моментов Ботафого е прв, а Палмеирас втор на табелата. Тимот од Рио има пет бода предност, па првакот на Јужна Америка ќе проба да ја намали негативата. Палмеирас е најефикасен тим во лигата со просек од два гола по меч, а Ботафого уште нема нерешено и прими само 7 гола на 11 меча. Палмеирас е опасен домаќин, тоа го знае и Ботафого кој во минатата сезона на гостувањето кај Палмеирас беше разбиен со 0-4.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.45)

- Оглас -

Најнови вести