10.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Лидерот падна во Куманово, прв пораз сезонава на Силекс

Башкими го изненади досега перфектниот Силекс со 2-1 и на кратовскиот тим и лидер на табелата му го нанесе првиот пораз сезонава.

Кумановци половина час играа со човек помалку по исклучувањето на Зука, но примија само еден гол и на крајот се радуваа на третата победа сезонава.

Црвен картон имаше и на другиот денешен меч, во кој Македонија Ѓорче Петров беше подобар тим од Брера и славеше со 2-0. За Лавовие тоа е втора победа сезонава.

Шестото коло продолжува утре со дуелите Струга – Шкендија  и Тиквеш – Шкупи, а ќе финишира в четврток со Арсими – Вардар и Работнички – Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести