Лидс е хит во Премиер лигата, Манчестер јунајтед не го победи испаднатиот Фулам (Видео)

Лидс е хит во Премиер лигата и со победата вечерва против Саутхемптон од 2:0 на гостински терен стигна до 56 бода и сè уште има теоретски шанси за настап во еврокуповите.

Езџан Алиоски повторно одигра одличен меч за тимот од Јоркшир, кој блеска во првата сезона во Премиер лигата по 16 години пауза. Победничките голови ги постигнаа Патрик Бамфорд и Тајлер Робертс во второто полувреме.

Вистински шок доживеаја навивачите на Манчестер јунајтед, кои се вратија на трибините на „Олд Трафорд“ по пауза од 14 месеци. Околу 10 илјади симпатизери на Црвените ѓаволи очекуваа сигурна и убедлива победа против Фулам, а беа сведоци на разочарувачко реми од 1:1 против испаднатиот Фулам.

Единсон Кавани со прекрасен гол во 15. минута им посака добредојде на навивачите на Манчестер, но убавиот момент им го расипа Џо Брајан со израмнувачки погодок во 76. минута.

- Оглас -

Најнови вести