Кавани со еврогол им посака добредојде на навивачите на Манчестер јунајтед (Видео)

Единсон Кавани со еврогол во 15-тата минута им посака добредојде на навивачите на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ по пауза од 14 месеци.

По март лани, за првпат има публика на стадионите во Англија, а „Олд Трафорд“ се пополни со максимално дозволените 10 илјади луѓе и веднаш во камбекот го видоа најубавиот гол на Јунајтед сезонава.

Акцијата беше брилијантна, ја почна голманот Де Хеа, а Бруно Фернандеш со петица го исфрли Кавани сам на половината на Фулам, што Уругваецот го искористи и со прекрасен лоб од голема далечина го совлада Ареола.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести