Лидс со денешната тешка победа од 1-0 против Свонси дојде на чекор од обезбедување пласман во Премиер лигата. Сега екипата на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски има шест бода предност пред третиот Брентфорд на три кола до крајот, а во Премиер лигата директно влегуваат првите двајца од Шампионат лигата, додека од третиот до шестиот играат плејоф.
Математиката вели дека Лидс може да обезбеди место во Премиер лигата ако в четврток на свој терен извојува победа против последниот Барнсли, а Брентфорд да не го победи Престон в среда. Ако Лидс и Брентфорд победат, тогаш на Лидс во последните две кола ќе му треба само еден бод за враќање во англиската елита.
Лидс, кој е некогашен англиски шампион, последен пат во Премиер лигата играше во 2004 година.