Лидс пак се коцка – Алиоски и соиграчите победија само двапати за два месеци

Лидс доживеа нов неуспех и денеска, а поразот од Нотингем форест веќе им ја стопи предноста пред конкурентите за директен пласман во Премиерлигата.

Клубот од Јоркшир има само две победи во последните два месеци, се уште е на второто место, но сега заедно со Фулам, екипа што има ист број на бодови, 55.

Нотингем форест кој денеска го доби дербито против Алиоски и соиграчите со 2:0 се доближи на само еден бод, па на Лидс му се заканува ланското сценарио, кога беше прокоцкана добра бодовна предност и потоа во баражот не успеаја да се пласираат во елитната англиска лига.

На последните 10 натпревари избраниците на Марсело Биелса имаат само две победи што ги доведува повторо во опасност да не бидат меѓу првопласираните две екипи што директно ќе се пласираат во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести