Магичен ден имаа гостинските репрезентации во Лигата на Нации со осум победи и едно реми на девет натпревари во нјајновото натпреварување под капата на УЕФА.
Белорусите со триумф од 2:1 против Казахстан најавија доминација на гостинските селекции, а потоа чудесната вечер, историска во европскиот фудбал продолжи со уште 7 триумфи и реми меѓу Израел и Словачка на репрезентациите што беа гости. Домаќините забележаа дури 8 порази и имаат само еден нерешен меч, што досега не се случило во ист ден во натпревари од Лигата на Нации.
Италија ја победи Холандија со 1:0 во Амстердам со голот на Николо Барела во финишот на првото полувреме во меч од А сегментот, а триумф во истиот ранг забележа и Полска против БиХ во Зеница.
Доминацијата на гостинските селекции продолжи и во Б сегментот, а домаќините и тука нижеа само порази, освен Израел, кој се спаси од неуспех против Словачка со гол во судиското продолжение.
Романија ја победи Австрија со 3:2 во Калгенфурт, во меч што го одбележа прекрасниот гол со лоб-удар на Максим.
Фудбалска журка на Виндзор парк во Белфаст приредија опасните норвешки стрелци предводени од Халанд и Сорлот. Викинзите ја победија Северна Ирска со 5:1, а Халанд и Сорлот постигнаа по два гола и си разменија по една асистенција.
Десеткуваната Чешка со комплетно нова репрезентација поради корона-вирусот загуби со 1:2 од Шкотска, а подвиг приреди и Литванија против фаворитот Албанија. Литванците победија со 1:0 како гости во вториот меч денеска во Ц сегментот, заедно со дуелот меѓу Казахстан и Белорусија.