Лига на шампиони или Лига на Европа? Финансиски воопшто не е сеедно

Хрватскиот Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски, како и турскиот Трабзонспор на Енис Барди вечерва имаат тешки гостувања во северниот дел на Европа, а според квотите во Sport Life, може добро да заработите ако уплатите на победа на Балканците и тие да успеат да триумфираат.

Цел на Динамо и Трабзон е влез во групната фаза во Лигата на шампионите бидејќи тоа носи сериозна финансиска добивка, многу поголема од таа која би ја имале ако испаднат од квалификациите за ЛШ и продолжат во групите од Лигата на Европа.

Место во групите од ЛШ од старт носи 20 милиони евра за секој клуб.

Динамо, на пример, со поминатите две квалификациски кола веќе заработи 8,6 милиони, а уште 3-3,5 милиони ќе земат и од коефициентот и рејтинг. Ако продолжат во Лигата на Европа, проценката е дека максимумот што би го заработиле од награди е околу 15-тина милиони.

Во минатата сезона Динамо дојде до осминафинале на ЛЕ и заработи 14,8 милиони евра, а последен пат кога играше во групите во ЛШ беше последен во група и заработи 27,8 милиони од УЕФА. Ако на ова се додадат и заработката од маркетинг, продажбата на билети, разликата е голема и не е сеедно дали ќе се биде дел од елитата или од втората лига.

- Оглас -

Најнови вести