Лигата на шампионите го доби најлошиот тренер во историјата

Со комплетирање на второто коло во Лигата на шампионите, англиските медиуми го „крунисаа“ и најлошиот тренер во историјата на ова натпреварување. Се работи за тренерот на Селтик, Брендон Роџерс, кој синоќа со својот клуб на домашен терен загуби од Лацио со 1:2.

Селтик водеше со 1:0, но Лацио израмни уште во првиот дел, а потоа во 90+5 минута гостите од Рим со вториот погодок направија целосен пресврт и стигнаа до победа. Токму овој гол на Лацио беше причина поради која 50-годишниот стратег Роџерс го доби приматот за најлош тренер во ЛШ од сите оние кои барем 20 натпревари биле на клупата на мечеви од елитното натпреварување.

Роџерс во периодот од 2012 до 2015 година беше тренер на Ливерпул, а сега е на чело на Селтик и во 20 натпревари има само две победи во ЛШ. Првиот триумф му е со Ливепрул против Лудогорец со 2:1 во 2014 година, додека вторпат се израдува во првиот негов мадат како предводник на Селтик, кога со 3:0 го победи Андерлехт.

Во останатите 18 дуели, Роџерс претрпе 13 порази, а има и пет нерешени средби. Во следното коло Селтик со Роџерс во Глазгов ќе играат против Атлетико Мадрид.

Голот со кој синоќа Лацио победи и го „круниса“ Роџерс за најлош тренер беше многу среќен за еден обложувач кој уплати тикет во Sport Life и благодарение на тој погодок заработи одлична добивка.

- Оглас -

Најнови вести