Лихтенштајн во последниот меч дома загуби убедливо од најслабата репрезентација во светот!

Македонската фудбалска репрезентација не можеше да посака да има полесен ривал на стартот од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Денеска од 15 часот на стадионот во Вадуц ќе играме против домаќинот Лихтенштајн. Македонија е апсолутен фаворит по сите основи, без разлика дали е тоа традицијата и меѓусебните дуели, составите со кои располагаат двете селекции или моменталната форма.

Лихтенштајн последниот меч на домашен терен го одигра на 18 ноември минатата година и тоа против Сан Марино и загуби со 1:3. Водеше Лихтенштајн на полувреме со 1:0, но Сан Марино во вториот дел направи пресврт.

Немаше да биде чудно што Лихтенштајн загуби, но овојпат тоа беше од селекцијата која е на последното 210 место на ФИФА ранг листата. Тоа значи дека според ФИФА листата, од Сан Марино нема послаба селекција не само во Европа, туку во целиот свет, а сепак тие победија со 3:1 и тоа со пресврт во вториот дел.

Тоа доволно кажува дека селекцијата на Лихтенштајн е во очајна форма и едноставно Македонија денеска нема од што да се плаши и мора да оди на победа.

Во последните настапи во Лига на нации, Лихтенштајн во најслабиот Д сегмент заврши како последен во група со Сан Марино и Гибралтар. Лихтенштајн немаше ниту една победа, а два пати ремизираше и два пати загуби, па заврши како последна во групата.

Лихтенштајн моментално е на 204 место на ФИФА листата и тоа ќе биде најслаборангираната селекција против која сме играле.

- Оглас -

Најнови вести