Осум натпревари и повеќе од 50 кошаркари од НБА лигата се во понудата на Sport Life за вечерашните дуели кои се играат после полноќ.
Три меча предизвикуваат најголемо внимание.
Њујорк е домаќин на Орландо, а Никс ќе се обиде да ја запре серијата на Магичните од пет победи по ред. Ова е дуел на четвртиот и петтиот на Истокот, можно е еден против друг да се судрат и кога ќе почне плејофот.
Во Кливленд, гостува лидерот на Западот, Минесота. Ова е дерби на некој начин, бидејќи Кавалирс е трети на Истокот, па еден против друг ќе се сретнат два тима кои сезонава имаат добри резултати.
Во Лос Анџелес кај Лејкерс гостува Милвоки бакс. Јанис Адетомкубо е во форма, на претходниот меч даде 44 поени, а ако даде барем една тројка, Демиен Лилард ќе избие на четвртото место на играчи со најмногу погодени тројки во историјата на НБА и ќе го надмине легендарниот шутер Реџи Милер.