17.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Лина Ѓорческа ја победи некогаш најдобрата тенисерка во светот

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, приреди изненадување откако во првото коло на Фјучерс турнирот во Самсун, Турција, ја победи Каролина Плишкова. Чешката тенисерка има 33 години и е на залез на кариерата, но пред помалку од една деценија таа беше број 1 во светот.

Во јули 2017 година Плишкова беше најдобра тенисерка во светот на ВТА-рангирањето. Сега е на 1.062-рото место на ВТА-листата, но сепак неспорно е дека уште има квалитет, но овојпат нашата Ѓорческа успеа да слави против фаворитката, и тоа со 2:0 во сетови, 6:4 и 6:3.

- Оглас -

Најнови вести