Лина Ѓорческа освои титула во Грција

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на фјучерс турнирот во Ираклион, Грција. Во финалето, Ѓорческа со 2:0 во сетови беше подобра од Мириам Булгару од Романија.

Ѓорческа првиот сет го доби со 6:3 а во вториот беше подобра со 6:4, па на крајот се израдува на уште една титула во кариерата.

Речиси во сите параметри од играта, Ѓорческа беше подобра од противничката и на крајот заслужено се радуваше во финалето.

- Оглас -

Најнови вести