27.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Лино Червар преживува семејна драма, треба да го освои најважниот медал

Некогашниот македонски ракометен селектор Лино Червар во својата богата кариера има освоено многу вредни медали. Сепак, пред Червар и неговата сопруга Клаудија е најважната битка. Клаудија има рак и заедно со својот Лино ја водат битката наречена живот.

Червар синоќа по 183 пат беше на клупата на Хрватска и ја предводеше до нова победа, овојпат над Црна Гора од 34:22. „Коцкестите“ се подготвуваат за Светското првенство, а Червар покрај фокусот на ракометниот терен, постојано мисли и на својата жена, со која е 44 години во брак.

„Мојата Клаудија е болна. Досега помина две операции и покажа дека е голем борец. Никогаш нема да го заборавам моментот кога тргна на првата операција. Застана на скалите пред куќата, се насмевна и ми рече: „Лино, јас ќе се борам. Ќе го освоиме и овој медал.“ Полна е со верба и тоа го пренесува на сите нас. Со Божја помош се надевам дека ќе успееме“, изјави Червар.

Во богатата тренерска кариера Червар бил тренер на шест клубови (меѓу кои и Металург), а седел на клупата на три репрезентации (беше и македонски селектор).Има освоено многу медали, а бил светскии олимписки првак со Хрватска.

 

- Оглас -

Најнови вести