Лион доби џекпот во Киев, Манчестер јунајтед не го искористи поразот на Јувентус во Берн

Лион го слави Набил Фекир, стрелецот на израмнувачкиот гол во Киев, со кој Лион одигра 1-1 против Шахтар и се пласираше во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Ова беше единствениот директен дуел за пласман понатаму, па поразите на Јувентус од Јанг бојс и на Манчестер јунајтед од Валенсија со идентичен резултат од 2-1 не беа кобни за фаворитите.

Ајакс и Баерн одиграа ефикасно, мечот за првото место во групата Е заврши нерешено, 3-3, па Баварците се први. Во финишот на мечот само за десеттина минути имаше дури 4 голови, по два на двете страни.

Манчестер сити го потврди првото место во групата Ф со победа против Хофенхајм од 2-1 и го исфрли германскиот клуб од европските купови.

Бенфика во меч без големо значење го победи АЕК и ќе продолжи во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести