Лион ја одби првата понуда за „новиот Дрогба“

Лион ја одби првата понуда за голгетерот Муса Дембеле во износ од 34 милиони фунти. Понудата стигна од Островот, поточно од таборот на Челзи, а Сините добија негативен одговор во обидот да го ангажираат „новиот Дрогба“.

Некогашниот француски првак преку соопштение истакна дека нема намера да дозволи преселба на нивниот важен играч во зимскиот преоден рок, но англиските медиуми тврдат дека Сините повторно ќе се обидат, овојпат со поголема сума, а ќе вклучат и играч во понудата. Познато е дека Оливие Жиру има желба да го напушти Лондон со цел да обезбеди поголема минутажа во друг клуб, па најверојатно Французинот ќе биде дел од зделката која Челзи и Лион треба да ја остварат овој месец.

Дембеле е приоритет на менаџерот Френк Лампард поради неговиот голгетерски инстинкт, сегмент кој недостасува во неговиот неискусен состав иако Абрахам е во солидна форма. Лампард посакува посилна конкуренција во нападот, па затоа играчот кој покажува сличност во играта со легендата на Сините е негова прва желба.

Дваесет и тригодишниот Дембеле сезонава на 18 меча во Лига 1 реализира 10 погодоци, односно вкупно 30 за Лион откако потпиша во летото 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести