Лион одигра одличен премиерен меч во Лига 1 во Франција и буквално го нокаутира слабиот Монако на гостински терен.
Лавовите од „Жерлан“ славеа на премиерниот меч од новото првенство со 3:0, па дербито мина во нивна комплетна доминација.
Триумфот со гол во петтата минута го најави Муса Дембеле, а потоа Монако остана со играч помалку. Исклучен во 30. минута беше Сеск Фабрегас, но дури со асистенција на ВАР системот. Судијата Буке по прегледување на спорниот момент му покажа црвен картон на искусниот француски ас, а само 360 секунди подоцна со топовски удар од далечина Мемфис Депај го изненади Лекомт, а гостите поведоа со 2:0.
Лион најави големи амбиции пред стартот на сезоната, а со одличната претстава во Монако потврди дека ќе биде кандидат за титулата. Печат на првата победа во новата сезона стави Тусар со погодок во 80. минута.