Лион нема да ја утне победата во 15. коло на Спортска прогноза

Лион ќе го победи Рен, а таков исход очекуваат дури 95 посто од нашите прогнозери кои досега ги типувале новите двојки од 15. коло на Спортска прогноза.

За да се вклучите во новата рунда се уште не доцна, а како и секогаш ви нудиме интересни 13 двојки од основната програма, плус два резервни пара.

Ве чека дербито на Џенова, а Горан Пандев е во топ-форма, па се очекува победа на најстариот клуб во Италија против Сампдорија. За таков исход се изјаснија 57 посто од прогнозерите што досега си ја завршија домашната задача за 15. коло.

Жешко ќе биде и на „Месталја“, каде забревтаната Валенсија ќе му биде домаќин на Реал Мадрид. Веќе знаете дека играта е бесплатна и единствен услов е да имате SL картичка од Sport Life.

И за наградите веќе знаете, во втората сезона се уште чекаме деби освојувач на прекрасниот „IPhone XS“, мобилен телефон што го доделуваме во секоја рунда, за прогнозерот што ќе ги погоди сите 13 парови од основната програма. Награди има и за 12-ка, а Sport Life доделува ваучер од илјада денари, додека сите што ќе погодат 11 двојки ќе добијат можност да уплатат тикет од 500 денари.

Многу интересно продолжува и битката во Генералниот пласман, каде се калкулираат и поените од двата резервни пара.

Веќе го имаме и првиот учесник во Спортската прогноза со 100 поени, а прв магичната граница ја стаса Христијан Т. До крајот на втората сезона на Спортската прогноза има уште доста да се игра, а битката за врвот и шампионската круна е неизвесна.

Најдобриот прогнозер ќе добие Смарт ТВ од 48 инчи, а награди ќе има и за сите што ќе завршат во Топ-5 во Генерален пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести