Поразот на Лион од Рен беше еден од клучните исходи за скромниот ефект на нашите прогнозери во 15-тото коло на Спортската прогноза, а само 1,7 проценти од играчите погодија дека на „Стад Жерлан“ ќе се случи сензација.
Имаше уште неколку изненадувања, а малкумина го предвидоа „иксот“ во Виго на дуелот меѓу Селта и Мајорка, каде што дури 88,8 отсто типови беа со знак единица, односно се типуваше победа на Селта.
Не победи ниту Монако против Анже на гости, мнозинството прогнозери типуваа и очекуваа Реал да победи против Валенсија на „Месталја“, па максимум во 15-тото коло е девет погодоци, колку што имаат четворица најуспешни прогнозери.
Наградите секако ве очекуваат, но овојпат беа далеку за сите прогнозери во 15-тото коло. Sport Life за секое коло доделува IPhone XS за погодени 13 двојки и ваучери за една или две утки.
Сепак, продолжуваме понатаму, се очекува првиот прогнозер во втората сезона што конечно ќе го пробие мразот и ќе го добие прекрасниот „ајфон“, а веќе денеска по 14 часот ќе можете да типувате во новото, 16-то коло по ред, со нови 13 парови во основната програма и две резервни двојки.