Лион со триумфот од 2-1 над Генгам е последниот тим кој обезбеди учество во четвртфиналето од Купот на Франција. „Лавовите“ во следната фаза ќе играат против Каен.
Дембеле ја отвори средбата само по седум минути игра, а гостите при стартот на второто полувреме стигнаа и до два гола предност преку Корне. Се играше 88-та минута кога Генгам постигна гол за 2-1, погоди Менди, но за домашната екипа веќе беше доцна да изнуди најмалку продолженија на овој меч.
Покрај пресметката меѓу Лион и Каен, во четвртфиналето ќе играат уште ПСЖ – Дижон, Витре – Нант, како и Рен – Орлеанс.