Лионел Меси е МВП на американската МЛС лига (Фото)

Американската Мејџор Лиг Сокер (МЛС), го прогласи Лионел Меси за најкорисен играч сезонава. Меси на 19 меча имаше 20 гола и 16 асистенции.

Ова е првпат еден член на Интер Мајами да го добие ова признание. Пехарот за МВП му го доделија група деца од младинските категории на клубот, а таму беа и неговите синови и сопругата Антонела.

Потоа во американски стил, децата се наредија како буквите МВП (кратенка за најкорисен играч) гледано од птичја перспектива.

Според резултатите од гласањето, најголем конкурент на Меси за наградата му бил Кучо Ернандес од Колумбус кру. Играчите и медимите му дале предност на Меси, а Кучо имал повеќе гласови од клубовите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести