Лионел Меси и Луис Суарес ѝ ја честитаа титулата на Барселона (Фото)

Барселона ја освои 28-мата титула во Ла Лига откако победи на гости кај лутиот градски ривал Еспањол со 0-2. Честитки на адреса на Kаталонците пристигнуваат од сите страни на светот, но она што ги воодушеви навивачите се потезите на Лионел Меси и Луис Суарес.

Двајцата беа дел од златната генерација на Барселона, но не се разделија со Kаталонците на пријателски начин. Сепак, и Меси и Суарес им ја честитаа титулата на клупската објава.

Лионел Меси отиде и подалеку, па на социјалните мрежи објави честитка за Барселона за освоената титула.

- Оглас -

Најнови вести