9.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Лионел Меси имаше спектакуларен пречек од илјадници навивачи на турнејата во Индија (Видео)

Лионел Меси, во придружба со Луис Суарес и Родриго де Пол, пристигнаа во Калкута, Индија, со што и официјално започна турнејата на Аргентинецот. Илјадници навивачи се најдоа на аеродромот за да го пречекаат најдобриот фудбалер на сите времиња, а потоа и ја следеа колоната.

110.000 гледачи имаше и на стадионот во Калкута, кои го поздравија Меси, а Аргентинецот ќе ги посети и Мумбаи и Њу Делхи, каде ќе има средба и со претседателот на Индија.

„Ова е еден од моите соништа, да го видам Меси. Го гледавме како игра, се будевме доцна во ноќта и ги запоставивме обврските, е сега е тука во Индија. Се чувствувам одлично.“ – рече еден навивач.

Денес и официјално ќе биде откриена статуата висока 21 метар на Лионел Меси со трофејот од Светското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести