30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Лионел Меси за 20-тина дена ќе го одигра последниот меч за Аргентина во Буенос Аирес?!

Лионел Меси ќе ја предводи Аргентина на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, првенство на кое „гаучосите“ ќе се обидат да го одбранат трофејот освоен на Мундијалот во Катар.

Сепак, една информација може многу да ги разочара фановите на најдобриот фудбалер во историјата, посебно на оние во Аргентина.

Селекцијата на Аргентина до крајот на квалификациите треба да одигра само уште еден домашен натпревар, оној против Венецуела на петти септември, а тоа најверојатно ќе биде и последниот официјален за Меси во Буенос Аирес.

„Жалам, но доколку ништо не се промени, тоа ќе биде последен пат Меси да игра официјален меч за репрезентацијата на Аргентина во Буенос Аирес. Веќе немаме официјално натпревари на домашен терен, а во 2027 година можеби ќе има некој пријателски меч, бидејќи не се планирани официјални натпревари.“ – вели портпаролот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести