Лисиците беа поитри и посреќни од Ливерпул (Видео)

Лестер го доби поважниот меч од двата што ги играше со Ливерпул во кус рок и вечерва со победа од 1:0 освои важни бодови во Премиер лигата.

Пред една седмица во четвртфиналето на Лига купот двапати прокоцкаа предност од по два гола и загубија на пенали, но вечерва се реваншираа.

Адемола Лукман беше вистински џокер на Лестер и влезе во игра во 56-тата минута и само 180 секунди подоцна го постигна единствениот гол на мечот.

Претходно во 16-тата минута Мохамед Салах промаши пенал, односно Каспер Шмајхел му го одбрани ударот, а напаѓачот на Ливерпул потоа промаши чист зицер и ударот со глава заврши на пречката.

Лестер се проби на деветтото место со 25 бода, а Ливерпул остана на второто место со 41 бод, колку што има и Челзи, а и двете екипи имаат шест бода помалку од лидерот Манчестер сити по 19 кола.

 

- Оглас -

Најнови вести