Келечи Ихеначо утна пенал за Лестер во првото полувреме против Кристал палас, а трендот на чести удари од белата точка за популарните Лисици во Премиер лигата продолжи.
На вкупно 16 натпревари сезонава во англиското првенство за Лестер се досудени дури 10 пенали, или најмалку двојно повеќе од сите останати екипи.
Денеска Ихеначо не успеа да го совлада Гваита во 19-тата минута и да му донесе стартна предност на својот тим и ова беше само вториот промашен пенал од вкупно 10 на второпласираната екипа во Премиер лигата.
Зад нив со по пет изведени пенали сезонава се Фулам, Челзи, Брајтон, Манчестер јунајтед и Ливерпул. Од нив само актуелниот првак Ливерпул ги погоди сите пет удари од белата точка, а за нив задолжен е Мохамед Салах.
Интересно е тоа што сезонава по 15 кола, ниту еден пенал не е досуден за три екипи, а меѓу нив се Вест хем, Барнли и Вест Бромич албион.