Голманот на фудбалската репрезентација на Хрватска и член на Фенербахче, Доминик Ливаковиќ, би можел да се врати во Динамо Загреб. Наводно, Ливаковиќ има голема желба повторно да го облече дресот на хрватскиот клуб, од кој замина во 2023 година за да премине во Фенербахче.
Причината за потенцијалното заминување е тоа што Жозе Мурињо не планира сериозно да смета на него оваа сезона.
Сепак, договорот е сè уште далеку од реализација, бидејќи проблем би можела да биде отштетата што ќе ја побара турскиот клуб. Фенербахче лани плати шест и пол милиони евра за Ливаковиќ и ќе се обиде да врати што е можно повеќе од таа инвестиција.
Ливаковиќ бранеше за Динамо Загреб од 2016 до 2023 година и остави силен белег со своите настапи. Неговото враќање би било големо засилување за Динамо, кој оваа сезона ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа и ќе се обиде да ја врати шампионската титула во Хрватска.