Ливаковиќ си оди од „Максимир“, нема да брани против Спарта Прага

Шампионот на Хрватска, Динамо Загреб, ќе мора да настапи без голманот Ливаковиќ во плејофот од Лигата на Европа против Спарта Прага бидејќи веќе е постигнат договор за негов трансфер во Фенербахче.

Голманот во среда патува во Истанбул на лекарски прегледи, по што ќе следува и официјалната промоција.

Трансферот ќе изнесува 9 милиони евра, но Динамо може да добие дополнително уште еден милион евра во бонуси.

Ова е втор голем трансфер за екипата од Загреб само во една недела откако претходно го продаде Јосип Шутало на Ајакс за 20,5 милиони евра и дополнителни три милиони евра во бонуси.

 

- Оглас -

Најнови вести