3002 Наполи – Удинезе (Серија А, Италија, 15 часот)
Наполи секако ќе ја заврши 2022 година како лидер во Серија А, но не е сеедно каква залиха ќе има за долгата зима и потоа и за пролетниот дел од првенството.
Ова е последен меч годинава и за двете екипи, во кои има по еден актуелен репрезентативец на Македонија.
Елиф Елмас кај Наполи има многу поголеми шанси да биде стартер на мечот, отколку Илија Несторовски кај Удинезе.
За лидерот нема да игра сензационалниот Квича Кварацхелија, па Елмас има шанса да го почне мечот, иако најчесто сезонава беше резерва и имаше мала минутажа.
Кај Несторовски ситуацијата е уште покомплицирана и тој речиси и да не игра воопшто, односно минутажата му е многу мала.
Тимот од Удине е незгоден ривал, но Наполи е во страшна серија и единствен без пораз во Калчото, па типуваме дека со гол(ови) во второто полувреме ќе го реши и мечот со Зебрите.
Предлог тип: Х-1 (4.25)
1805 Херта – Келн (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)
Келн се изнаигра фудбал во септември и октомври, а пеколното темпо на мечеви го плати со елиминација во Конференциската лига на УЕФА и со скромни резултати во Бундеслигата.
Популарните Јарци одиграа дури 17 натпревари од септември досега, ова ќе им биде 18-ти, за разлика од Херта која го чека 12-от меч во истиот период од речиси два и пол месеци.
Тимот од Берлин е посвеж од гостите и има убава шанса да ја прекине серијата од пет меѓусебни дуели без победа против Келн.
Предлог тип: 1 (2.30)
1604 Баер Леверкузен – Штутгарт (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)
Клубот од Леверкузен ќе жали за паузата поради Мундијалот во Катар, а Фармацевтите се надеваат дека ќе ја дочекаат со трета победа по ред.
Имаа многу слаб старт на сезоната со многу проблеми со повреди на играчите, а и сега е така.
Против Штутгарт нема да играат Шик, Андрич, Азмун, Вирц, веројатно и Арангиз и Паулињо, што е голем хендикеп.
Сепак имаат два триумфи по ред во Бундеслигата и во победничка атмосфера го чекаат на гости петкратниот германски првак.
Ова ќе биде меч на кој нема што да се брани, бидејќи досегашните резултати и позициите во долниот дел на табелата не ги задоволуваат амбициите на двете екипи, па очекуваме ефикасен меч на „Бај арена“.
Предлог тип: 3+ (1.71) Супер тип на Sport Life
1003 Ливерпул – Саутемптон (Премиер Лига, Англија, 16 часот)
Ливерпул игра против стариот муштерија Саутемптон, тим што го победи 8 пати по ред, но денеска ќе биде малку потешко.
Сепак и без Германецот на клупата Ливерпул нема избор освен да победи, бидејќи веќе заостанува сериозно зад водечките екипи во Премиер лигата.
Саутемптон игра лошо и се освен победа на Ливерпул со голови и во првото и во второто полувреме би било големо изненадување.
Предлог тип: 1&1+I&1+II (1.61)
1008 Вулверхемптон – Арсенал (Премиер Лига, Англија, 20.45 часот)
Арсенал потврди дека не се шегува и може да ја чека долгата мундијалска пауза во клупскиот фудбал како лидер во Премиер лигата, ако денеска ги победи Волците.
На „Молињу“ Топчиите пристигнаа со извонредна серија од 7 меча без пораз во Премиер лигата и се големи фаворити.
Вулверхемптон е тврд орев на свој терен, но сезонава не е така. Моментно со две победи и нерешени и три порази на „Молињу“ тие се вториот најслаб домаќин во англиското првенство.
Играат лошо, а не помогна ниту смената на тренерот, па Арсенал кој е најдобар гостин во Лигата има зицер за да се задржи на врвот на табелата до финишот на декември.
Предлог тип: 2&0-4 (1.88)