Клоп е суспендиран на чуден начин, утре нема да биде на клупата на Ливерпул

Тренерот на Ливерпул утре нема да биде на клупата на својот тим против Саутемптон, откако паричната казна од 30 илјади фунти му е преиначена во суспензија од еден меч.

Германецот беше нервозен на дуелот со шампионот Манчестер сити, игран пред еден месец и заради вербален дуел со судиите беше казнет со 30 илјади фунти.

Но, од фудбалската федерација на Англија реагираа и вложија жалба на одлуката на независната регулаторна комисија која и му ја изрече казната на Клоп.

На чуден начин дојде до промена и наместо парична глоба има санкција од еден меч отсуство на Германецот на клупата на Ливерпул.

Интересно е што Црвените можеа да останат без Клоп токму за новиот дуел со Сити во Лига купот, закажан за 20. декември, или прв по паузата за Мундијалот, но тоа нема да се случи.

Утре од 16 часот Ливерпул му е домаќин на Саутемптон и ќе оди на победа без помош од Јирген Клоп.

 

- Оглас -

Најнови вести