Ливерпул убедливо со 3:0 победи на гостувањето кај Лестер и ги задржа шансите за позиција која води во Лигата на шампионите за следната сезона.
За тимот на Јирген Клоп ова е седма победа по ред и сега по 36 одиграни кола, има 65 поени, што е само еден бод помалку од Манчестер јунајтед и Њукасл, кои се на третата и четвртата позиција.
Седмата победа во низа ја најави Џонс со два гола во рок од три минути. Отпорот на Лестер беше скршен во 33-тата минута, кога фаворитот поведе со 1:0, а веќе во 36-тата минута беше 2:0, резултат со кој се замина на одмор.
Сите дилеми околу победникот беа решени во 71-вата минута, кога Александер-Арнолд погоди за 3:0.
Лестер по овој пораз остана на 30 бода и е на 19-тото место. Лидс е во зоната за испаѓање со 31 бод, а Евертон е на 17-тата позиција со 32 бода и е на позицијата која носи спас.