Ливерпул – Баерн Минхен 1-1, посака Ули Хенес

Ули Хенес, претседателот на Баерн Минхен, е оптимист пред денешниот прв меч од осминафиналето против Ливерпул. Германскиот гигант гостува на „Енфилд роуд“, а Хенес верува дека гостите ќе си заминат непоразени.

„Се радувам за мечот против Ливерпул бидејќи тоа ќе биде вистински предизвик. Ова е меч да се биде или не, но и да видиме до каде сме на меѓународно ниво. Не се плашиме иако го респектираме Ливерпул, кој има и одличен тренер каков што е Јирген Клоп. Очекувам интересен дуел и се надевам на добар резултат пред реваншот. Би сакал да одиграме нерешено 1-1“, рече Хенес.

Почит кон противникот покажа и Јирген Клоп. Тренерот на Ливерпул дури 29 пати играл против Баерн Минхен, а се надева дека во јубилејниот 30-ти дуел ќе се радува против германскиот првак.

 

- Оглас -

Најнови вести