Ливерпул до постигнување кое не му успеало на ниту еден тим во 132 години историја на англискиот фудбал

Ливерпул синоќа славеше со 3:1 на гостувањето кај Брајтон и тоа беше доволно да оствари уште еден подвиг во сезоната за паметење. Откако Ливерпул постави рекорд и на седум кола пред крајот ја обезбеди титулата, овојпат Црвените поставија уште едно неверојатно постигнување.

На тимот на Јирген Клоп му беше потребно да одигра само 34 меча за да стигне до 30 победи во една сезона. Никогаш во историјата на англискиот елитен фудбал не се случило еден тим да има 30 победи само по 34 одиграни средби. Освен триумфите, Ливерпул сезонава има и по две нерешени и два порази.

Во следното коло Ливерпул на свој терен игра против Барнли и повеќе од очекувано е шампионот да прокнижи уште еден триумф.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести