Ливерпул од февруари чекаше гол на гости, Салах и Хендерсон дадоа два за 127 секунди

Ливерпул релативно лесно излезе на крај со Брајтон и го совлада со 3-1, што е прва победа на Црвените на едно гостување од 15 февруари наваму. Ливерпул немаше дадено гол на гости цели 7 часа и 47 минути, но вечерва во Брајтон, Мохамед Салах погоди во шестата минута, а само 127 секунди подоцна Египќанецот му асистираше на Хендерсон, кој погоди за 2-0.

Но, иако на домашните им се закануваше катастрофа, тоа не се случи. Брајтон намали на 1-2 пред крајот на првото полувреме, имаше прилика да изедначи, а во 75-та Салах по корнерот на Робертсон, даде гол со глава за 3-1, со што го скрши отпорот на противникот. И покрај поразот, Брајтон засега е безбеден и не е загрозен од испаѓање.

Головите и асистенцијата му помогнаа на Салах да дојде до стотиот премиерлигашки гол во дресот на Ливерпул за кој директно придонел, има 73 гола и 27 асистенции. Џејмс Милнер го одигра својот 536-ти меч во Премиер лигата, со што е петти на вечната листа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести