5.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Ливерпул е фаворит на пресметката со Њукасл, велат играчите на Спортската прогноза

Новото 17-то коло од Спортската прогноза на Sport Life носи сериозен предизвик за сите типувачи! И тоа не е само збор, првичните проценти покажуваат дека ова коло нема да биде едноставно.

Сите знаеме дека Ливерпул е фаворит против Њукасл, па голем дел од играчите веќе типувале на победа на Црвените. Сепак, до сабота попладне, додека трае типувањето, овие бројки можат да се променат и секогаш е возбудливо да се види колку ќе се измешаат прогнозите.

Во баскиското дерби меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад довербата на типувачите е на страната на домашниот тим. Но, има и мечеви каде што мнозинството е поделено, а токму тоа го прави ова коло толку предизвикувачко.

Првиот натпревар во понудата е Овиедо – Жирона, кој започнува в сабота, од 14 часот, а тоа е и крајниот момент до кога можете да ги внесете вашите прогнози.

И, секако, наградите се импресивни! Ако успеете да погодите 13 натпревари, iPhone 16 е ваш. За 12 точни меча следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а оние што ќе погодат 11 добиваат 500 денари.

Се чини дека ова коло ќе биде за вистинските љубители на предизвици!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести