Ливерпул е фаворит против Тотенхем поради еден интересен факт

Во пресрет на финалето во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем, сè почесто се појавуваат интересни факти според кои може да се одреди, или пак најави новиот европски првак. Црвените ја имаат фаворитската улога, но не само според квотите во Sport Life обложувалници, туку поради нивното искуство и побогата историја.

Тие се петкратни европски прваци, а и лани играа во финалето кое го загубија од Реал Мадрид, така што нивна цел за оваа сезона е да се поправат, односно да го однесат престижниот пехар на „Енфлид“. Целиот тим на Тотенхем, како и тренерот Маурисио Покетино, за првпат ќе почувствуваат како е да се настапи на едно големо европско финале, така што нервозата кај нив ќе биде поголема од вообичаено.

Една интересен факт говори зошто Ливерпул има поголеми шанси од Тотенхем. Имено, од 2014 година па наваму се одржува една традиција според која подоцна се добивал владетелот на Стариот континент. Екипите кои во било кој дел од нокаут фазата успевале да го елиминираат Баерн Минхен и при тоа во вкупниот резултат да имаат барем еден гол предност, станувале европски шампиони.

Во сезоната 2013/14, Реал Мадрид се пласираше во финалето откако по двата меча против Баварците славеше со вкупен резултат од 5-0, а потоа Кралевите во финалето го надиграа градскиот ривал Атлетико за популарната „Ла децима“. Една сезона подоцна, Барселона стана европски првак, а во полуфиналето против Баерн победи со вкупен резултат од 5-3.

Во сезоната 2016/17, повторно се сретнаа Реал и Баерн, но овојпат во рамки од четврфиналната фаза каде Кралевите по двата меча триумфираа со вкупен резултат од 6-3, а сите знаат дека потоа Реал стана првак на Европа по 12-ти пат. Минатата сезона истите екипи се бореа за пласман во финалето, Реал повторно беше подобар со вкупен резултат од 4-3, па во финалето против Ливерпул уште еднаш ја освои европската круна.

Исклучок е сезоната 2015/16, во која Атлетико Мадрид и Баерн Минхен се сретнаа во полуфиналето. Јорганџиите отидоа понатаму поради гол на гости при вкупен резултат од 2-2, а остана со празни раце откако загуби уште едно финале од градскиот ривал Реал Мадрид.

Оваа сезона, Баерн Минхен и Ливерпул приредија супер-интересен двомеч во осминафиналето, а по ремито без голови на „Енфилд“, Црвените по реваншот во Минхен се пласираа во следната фаза по победата од 3-1. Ако оваа традиција, или непишано правило повторно се потврди, тогаш Ливерпул има многу поголеми шанси да биде нов европски владетел.

- Оглас -

Најнови вести