Јапонскиот фудбалер Такефуса Кубо би требало да стане нов играч на Ливерпул. Црвените ќе платат 60 милиони евра, а клубот за којшто игра Кубо, Реал Сосиедад, од вкупната сума ќе треба 27 милиони да префрли на сметката на Реал Мадрид, а 33 да задржи за себе.
Реал Мадрид не смета на Кубо за нивниот состав, но уште поседува право на 50 проценти од иден трансфер на Јапонецот. Шест милиони се капитални добивки и тоа се одбива, па мадриѓаните имаат право на 50% од сума од 54 милиони евра.
Во Ливерпул стравуваат дека оваа може да му биде последна сезона на Мохамед Салах во клубот, па би го купиле брзиот Јапонец за да се обезбедат на крилната позиција за во иднина.