21.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Ливерпул го мерка Хулијан Алварес, но Атлетико не го дава за помалку од 100 милиони евра

Аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварес импресионира со сензационалната форма од почетокот на својата втора сезона во Атлетико Мадрид. Тој досега има постигнато шест гола на седум натпревари во тековната сезона.

Неговите 29 гола во сите натпреварувања во сезоната 2024/25 покажаа дека станува збор за напаѓач од светска класа, а летово кружеа гласини дека може да го напушти клубот, при што се споменуваше интерес од Барселона и од Ливерпул.

Диего Симеоне со восхит зборуваше за Алварес, изразувајќи надеж дека ќе располага со него уште многу години – и покрај шпекулациите за трансфер во Барселона и можноста за негово враќање во Премиер лигата.

„Хулијан е нашиот најдобар играч. Треба да се грижиме за него и да се увериме дека ќе остане во Атлетико уште многу години. Тој треба да ни помага нам, а ние нему – за да стане уште подобар отколку што е“, изјави Симеоне за својот сонародник.

Покрај интересот од Барселона, се зборува дека Ливерпул бил подготвен со понуда за Алварес уште пред неговиот трансфер од Манчестер сити во Мадрид, но Пеп Гвардиола ја одбил идејата да засили директен конкурент во Премиер лигата.

Сепак, Ливерпул и сега не се откажува од идејата да го купи Аргетинецот. Но, бил информиран дека ќе мора да плати над 100 милиони евра ако сака да го доведе Алварес на „Енфилд“.


Летово Ливерпул двапати го урна рекордот за најскап трансфер во Премиер лигата со ангажманите на Флоријан Вирц и Александер Исак, така што ваквите трансфери не му се непознати на клубот.

Англискиот шампион потроши вкупно 420 милиони фунти ова лето, но клубот е подготвен за нови трошоци во 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести