Новинарот Фабрис Хокинс објави дека напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, нема да патува со тимот во Италија за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер.
Египетскиот фудбалер јавно ги критикуваше клубот и главниот тренер на Црвените, Арне Слот. Наводно изборот е или Слот или Салах, а клубот го преферира менаџерот пред фудбалерот кој даде 250 гола за Ливерпул.
Салах утрово тренираше со екипата, но нема да биде дел од тимот што ќе патува во Милано и ова укажува дека можеби ќе биде продаден уште зимава. Идната недела Салах заминува со својата репрезентација и можно е веќе никогаш да не игра за клубот во кој се прослави. Викендов тој ќе се прости од фановите на „Енфилд“, а дали привремено или засекогаш, останува да се види.

Легендата на англискиот фудбал, Вејн Руни, изјави дека со своите изјави, всушност Салах е тој што го фрлил Ливерпул под автобус, а не обратно како што кажуваше Египќанецот.

