Англискиот гигант Ливерпул денеска го објави своето прво летно засилување, десниот бек Жереми Фримпонг, кој пристигнува од редовите на Баер Леверкузен за 35 милиони евра, сума што одговара на неговата откупна клаузула.
Холандскиот репрезентативец потпиша договор на пет години со тимот од „Енфилд“, и ќе има задача да го замени Трент Александер-Арнолд, кој прејде во Реал Мадрид.
Фримпонг е познат по својата брзина, енергичност и офанзивни способности, а освен како десен бек, може да игра и како крилен играч, што му овозможува на новиот менаџер Арне Слот поголема тактичка флексибилност. Ова значи дека може да биде алтернатива и за Мохамед Салах по десната страна на нападот.
Frimpong files 📸 pic.twitter.com/KHKkonPNeK
— Liverpool FC (@LFC) May 30, 2025
Во своето прво обраќање како играч на Ливерпул, Фримпонг изјави:
„Беше навистина лесна одлука. Кога Ливерпул се појави и покажа интерес, веднаш им реков на моите агенти: ‘Што и да правите – само направете го тоа.’ За мене немаше двоумење. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи што ме пречекаа. Ќе дадам сѐ од себе, мојата енергија, мојата работна етика, и се надевам дека заедно ќе победуваме и ќе славиме. Возбуден сум што сум тука и нема да ве изневерам!“