Ливерпул го праќа Кјеза на позајмица во Наполи?

Фудбалерот на Ливерпул, Федерико Кјеза, е блиску до шестмесечна позајмица во Наполи. Двата клуба веќе преговараат, а за реализација на зделката помага и агентот на играчот, тетовецот Фали Рамадани.

Кјеза летоска потпиша за Ливерпул, но поради неколку повреди, не се наметна во тимот на Арне Слот. Италијанецот има одиграно скромни само 123 минути сезонава.

Во Наполи веруваат дека Кјеза може им помогне, а и тие би му дале шанса на крилниот напаѓач да се врати во форма. Проблем е неговата плата од 7,5 милиони евра по сезона, што е премногу за наполитанците, па во тек е убедување Ливерпул да продолжи да плаќа дел од платата додека тој игра за Наполи.

Црвените можеби ќе прифатат, но се шпекулура и дека бараат во договорот да има задолжителна откупна клаузула и таа да биде повисока од 13 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести