38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Ливерпул го растури Арсенал, но сепак навивачите на шампионот денеска жалат

Ливерпул со 3:0 славеше на гости кај Арсенал, победа која го носи актуелниот првак чекор поблиску до посакуваната цел, а тоа е влез во Топ 4 на табелата. Тимот на Јирген Клоп беше подобар во текот на целиот меч и заслужено ги освои трите бода во Лондон.

Отпорот на Арсенал беше скршен во последните 30 минути кога беа постигнати сите три гола. Диого Жота кој влезе во игра во 61 минута, за само 100-тина секунди успеа да го матира домашниот голман Лено. По голот на Жота, следуваше мајсторија на Мохамед Салах кој успеа да ја протне топката низ нозете на Лено за 2:0, а конечниот резултат го постави Жота со својот втор погодок на мечот.

Со овие три бода, Ливерпул стигна до 49 бодови, само два помалку од Челзи кој е на четвртото место на табелата. Тоа што од денеска е јасно, е дека Ливерпул веќе нема ни теоретски шанси да ја одбрани титулата во Премиер лигата. Откако Сити славеше на гости кај Лестер, тимот од Манчестер стигна до 74 бодови, што е дури 25 повеќе од Ливерпул, а тимот на Јирген Клоп има уште осум меча до крајот, што значи дека максимум може да освои 24 бодови.

Премиер лигата и дефинитивно ќе има нов првак, а речиси сигурно дека тоа ќе биде Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести